NetaVille logo

5-та ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ГРИЖАТА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ

19 NOV | THURSDAY 19:00 - 21:30 | Rooms: Amphitheatre

МОВЕМБЕР – Месец посветен на машкото здравје Она што започна како едноставна идеја во еден паб во Австралија – мажите да пуштаат мустаќи во текот на ноември како симбол на поддршка и подигнување на свеста за машкото здравје – набрзо прерасна во меѓународно движење познато како Movember. Денес, оваа иницијатива има многу поголема цел од пуштањето мустаќи. Таа поттикнува отворен разговор за теми кои често остануваат во сенка: ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје кај мажите, истовремено нагласувајќи ја важноста на превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје. Инспирирани од ова движење и свесни за фактот дека за машкото здравје сè уште се зборува премалку, Лајонс клуб Пајко Маало и оваа година организира отворена дискусија со цел да поттикне поголема информираност, да ги разбие предрасудите и да создаде простор за искрен разговор. Што навистина подразбираме под машко здравје? Што значи ментално здравје кај мажите и зошто толку ретко се зборува за него? Со какви предизвици, ризици и општествени притисоци се соочуваат мажите? Кои превентивни прегледи се важни и кога треба да се направат? За да отвориме разговор за овие, но и за многу други прашања, со задоволство ве покануваме на: 5-та ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ГРИЖАТА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ Тема: Менталното здравје кај мажите 📅 19ти ноември 2026 година 🕖 19:00 часот 📍 Netaville – новите згради спроти Машинскиот факултет На настанот ќе ни се придружат специјални гости од областа на здравството, кои ќе ги споделат своите знаења и искуства и ќе одговараат на прашањата на присутните: - Психолог / психотерапевт - Уролог Веруваме дека грижата за здравјето започнува со разговор, а отворената дискусија е првиот чекор кон поголема свесност, разбирање и навремено дејствување. Затоа што машкото здравје не треба да биде табу-тема. И затоа што да побараш помош е знак на сила, а не на слабост. Ве очекуваме!