Quiz Night вечер, организирана од страна на Rotaract Club Skopje, исполнета со забава, дружење и предизвици за вашето знаење. Темите на квизот ќе опфаќаат географија, музика, спорт, филм и серии. Пријавувањето е организирано во групи, при што секоја група може да брои од 2 до 4 учесници. Котизацијата изнесува 200 денари по учесник и се плаќа на самиот влез, на денот на настанот. Со вашето учество, придонесувате за хуманитарна цел, односно сите собрани средства ќе бидат искористени за подготовка на новогодишни пакетчиња за дечиња. Пријавувањето трае до 23.11.2026 (понеделник) до 23.59 часот. Ве очекуваме да ги здружиме знаењето, тимскиот дух и хуманоста за една убава вечер!