Сакаш да се запознаеш со светот на студентската дебата? Дојди на презентативна дебата со искусни дебатери и види одблизу како изгледа дебата.👀 Запознај ги локациите за новите студентски дебатни клубови и дознај кој е најблиску до тебе. Клубовите се отворени за студенти од сите факултети и универзитети, од сите години, не само од УКИМ. Студентската дебатна програма на Младински образовен форум во соработка со факултетите ширум Скопје започна во 2024 година, а досега низ неа поминале повеќе од 300 студенти. Сега можеш и ти да бидеш дел од неа и да го претставуваш клубот на национални и меѓународни дебатни турнири!🎙️ По презентативната дебата, од 18:00 до 20:00 часот, дојди во Netaville, постави ги сите прашања што ги имаш и дознај како можеш да се приклучиш!