NetaVille logo

Национален косплеј натпревар | PAGODA

9 MAY | SATURDAY 10:00 - 18:00 | Rooms: Amphitheatre, Cafeteria, Classroom, Co working

Косплеј натпревар на национално ниво што ќе ги обедини креативноста и вештините на заедницата со бесплатно учество на натпреварувачи (16+) преку претходна пријава. Натпреварот ќе претставува квалификациска платформа за меѓународната сцена, при што победникот ќе добие патување во Белград, Србија - тридневен престој и официјално учество на интернационалниот UBBC косплеј натпревар во рамките на Urusai Con. Pagoda се погрижува за спонзор околу трошоците за сместување за победникот и за тимот, како и награди за второ и трето место. Самиот настан ќе биде центриран околу амфитеатарот, каде што ќе се одвива главната програма: претставување на косплеерите, жирито и за доделување на наградата, додека пак кафетеријата и барот ќе функционираат како релаксирана социјална зона каде посетителите ќе можат да се дружат и да уживаат во пијалоци обезбедени исклучиво од барот. Тука можат да бидат сместени и изложувачи, каде ќе се претстават мали бизниси и независни креатори со производи инспирирани од поп-културата и geek културата. Потребен е наменски простор за подготовка, по можност во близина на тоалетите, каде натпреварувачите ќе можат да ги прилагодат костимите, да направат корекции и финални подготовки пред настапот. Дополнително, ќе биде уредена посебна фотозона, каде косплеерите и посетителите ќе можат да направат квалитетни фотографии. Постои можност и за организирање на зона за друштвени игри, потенцијално на вториот кат, која би понудила помирна и поопуштена активност. Овој сегмент сè уште е во фаза на разгледување. Доколку Netaville одлучи да ни го отстапи просторот без надомест, истиот ќе биде вклучен како официјален спонзор за просторниот аспект на настанот - името и логото ќе биде вклучено на сите промотивни материјали поврзани со настанот. Овој настан има за цел да избере силен македонски претставник за Urusai Con, да ги зајакне регионалните косплеј врски и да ја позиционира нашата заедница на пошироката меѓународна сцена.