Младински образовен форум, со поддршка од Вестминстер фондацијата за демократија на почетокот на октомври отвори два дебатни клубови за студенти, во соработка со Правен факултет ,,Јустинијан Први" - Скопје и ФИНКИ. Клубовите функционираат во склоп на овие два факултети, но се отворени за студенти од сите факултети при УКИМ. За таа цел, сакаме да организираме јавна дебата каде ќе дебатираат искусни дебатери и ќе го прикажат форматот и правилата во дебата, но дебатата да биде отворена за сите студенти кои се заинтересирани и да можат да поставуваат прашања. Идејата ни е да ги запознаеме со работата на клубовите, а и секако да привлечеме повеќе студенти да ни се приклучат, аргументирано да се изразуваат и да работата на своите вештини за критичко размислување преку еден интерактивен настан.