NetaVille logo

Како компаниите одлучуваат колку ќе платиш?

26 MAY | TUESDAY 19:00 - 21:00 | Rooms: Amphitheatre

На 26 мај во 19:00 часот, студентската организација АИЕСЕК ЛК Скопје сака да организира настан со наслов „Како компаниите одлучуваат колку ќе платиш?“. Како гостин-предавач ќе присуствува Емил Тодоров, Retail Manager во iSTYLE Македонија кој ќе сподели практични искуства и увиди за начинот на кој компаниите ги формираат цените, ја определуваат вредноста на производите и се прилагодуваат на пазарните трендови и однесувањето на потрошувачите. Со фокус на цените и инфлацијата - клучни елементи во секојдневното економско одлучување - учесниците ќе стекнат практични знаења и вештини применливи и во нивниот личен и професионален живот. Интерактивниот формат на настанот ќе поттикне активно учество и ангажираност, овозможувајќи им на присутните да развиваат критичко размислување и способности за донесување одлуки преку дискусија и реални примери, наместо само преку пасивно слушање. На настанот се очекува присуство од околу 40–50 учесници, претежно студенти и млади лица заинтересирани за бизнис, маркетинг, економија и retail индустријата.