Започнуваме со серијал на работилници за подобрување на вештините за аргументирање и критичко размислување кај студентите! Без разлика дали студираш на ФИНКИ, ФЕИТ, ТМФ или, пак, на некој од општествените факултети каде аргументирањето е блиска пасија – те очекуваме на двочасовната работилница за градење аргумент! Зошто? Бидејќи истите принципи и насоки можеш да ги примениш на интервју за работа, при пишување есеј, на усен испит, но и во секојдневната комуникација со пријателите. 💡 Серијалот ќе опфати неколку работилници, сите се бесплатни и отворени за сите студенти, а по нив ќе следува финален целодневен буткамп, а потоа и Национален дебатен турнир за студенти! Можеш да учествуваш на било која од работилниците или буткампот, а за сите поединечно следува сертификат. Те очекуваме да ни се придружиш! 🎓 Оваа активност е организирана од Центарот за студентска дебата при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.