NetaVille logo

Работна група на БЕСТ Скопје

13 JAN | MONDAY 18:30 - 22:00 | Room: Classroom

Борд на Европски Студенти по Технологија – Скопје (БЕСТ – Скопје), е непрофитна, невладина, студентска организација, организирана и водена исклучиво од студенти. Во претстојниот период организираме настан на кој што студентите би се запознале со фирми учесници со цел да најдат пракса или вработување. За време на организирање на настанот одржуваме повеќе различни групи, од различни области, на кои нашите членови можат директно да се вклучат во процесот на организација. На оваа конкретна работна група, студентите ќе имаат можност да создаваат дизајни што ќе бидат употребени на вебстраната за настанот.